Услови за користење
Последна измена: 15.01.2026 г.
Овие Услови за користење ги регулираат условите под кои Друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал МАРПАРТС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Митре Влаот бр. 19а, Аеродром, Скопје, ЕДБ [ЕДБ], со управител Марио Петровски (во понатамошниот текст „MARPARTS“, „ние“), му ги нуди своите производи и услуги на корисникот преку веб-страницата marparts.mk. Со пристап до страницата или со извршување на нарачка, корисникот потврдува дека ги прифаќа условите наведени подолу.
1. Општи одредби
MARPARTS е онлајн продавница специјализирана за продажба на авто делови и дополнителна опрема на територијата на Република Северна Македонија. Содржината на страницата (текст, слики, цени, спецификации) може да се менува без претходна најава.
2. Регистрација и профил
Корисникот може да нарачува како регистриран корисник или како гостин. При регистрација, корисникот е должен да достави точни, целосни и ажурни податоци и е одговорен за чувањето на податоците за најава.
3. Нарачки и склучување договор
- Прикажаните цени се во денари (МКД) и важат во моментот на потврда на нарачката.
- Договорот за продажба се смета за склучен по прифаќање на нарачката од страна на MARPARTS.
- MARPARTS го задржува правото да одбие или откаже нарачка во случај на исцрпена залиха, техничка грешка во цената или сомнеж за злоупотреба.
4. Цени и плаќање
Сите цени го вклучуваат пропишаниот ДДВ, освен ако поинаку не е нагласено. Достапни начини на плаќање се опишани при завршување на нарачката (плаќање при достава и банкарски трансфер). Онлајн плаќањето со картичка моментално не е достапно и ќе биде овозможено наскоро.
5. Испорака
Условите за испорака, роковите и трошоците се детално опишани на страницата Информации за испорака.
6. Право на враќање
Потрошувачите имаат право на враќање и рекламација согласно применливото законодавство и нашата Политика за враќање.
7. Интелектуална сопственост
Целата содржина на страницата (дизајн, лого, текстови, фотографии) е сопственост на MARPARTS или на нејзините партнери и е заштитена со важечките прописи за интелектуална сопственост.
8. Ограничување на одговорност
MARPARTS не одговара за индиректни штети настанати од користење на страницата, освен во случаите предвидени со закон. Компатибилноста на деловите со конкретно возило треба секогаш да се потврди пред вградување.
9. Изменa на условите
MARPARTS го задржува правото да ги менува овие услови во секое време. Изменетите услови стапуваат на сила со објавувањето на страницата.
10. Контакт
За прашања поврзани со овие услови, контактирајте нè на marparts26@gmail.com или 078 200 013.